Милевски: Груевски – канцер на македонската држава

Од:

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, во денешната прес конференција изрази голема загриженост за узурпацијата на сите институции од партијата на власт, каде и воедно увери дека начинот на владеење на премиерот и неговите најблиски соработници е целосно разобличен.

„Деветгодишното владеење со страв и заплашување успеа од модерна, европска, прогресивна држава да ја претвори во монархија, а граѓаните во робови, оттука создавајќи робовладетелско општество, некарактеристично за 21 век.

Но, оваа власт повеќе нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да владее со Република Македонија. Затоа, што поскоро да си замине и да ги остави граѓаните и институциите повторно да си ја вратат слободата“, додаде Милевски.

„Ние од Либерално-демократската партија, како борци за демократија и слободно општество, застануваме рамо до рамо со прогресивните и демократски сили на оваа држава и бараме оставка од премиерот Груевски и целата негова деспотска влада. Единствениот излез од оваа мачна состојба во која не втурна ДПМНЕ е формирање на преодна влада. Влада на широка коалиција во која ќе нема место за местачи на избори, за исфрустрирани личности кои министерствата ги претвораат во партиски штабови“, порача претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Тој исто така нагласи и дека приоритет на преодната влада ќе биде расчистување со криминалот на сите нивоа и пори на општеството, а од друга страна најави и напорна работа за враќање на довербата во институциите и организирање на фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран