Снежната покривка во Маворво 102 сантиметри

Од:

Највисока снежна покривка во Македонија изутринава е измерена во Маврово, 102 сантиметри. Во Поражаране висината на снежната покривка  достигна 41 сантиметар, 40 во Ѓуриште, 27 Лазарополе, 26 Крушево, 23 Пожар, 11 Крива Паланка, 6 Берово и еден сантиметар во Тетово.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Пожаране се наврнати 7 литри дожд на метар квадратен, 5 кај Зајчев рид Скопје и во Тетово, 4 во Маврово, 3 во Скопје- Петровец, Штип, Куманово и во Дебар и 2 во Виница. Најниска температура од – 6 степени Целзиусови изутринава е измерена во Маврово, по што следат Лазарополе со – 2 Крушево и Берово со -1, а  0 степени  во Крива Паланка, Куманово, Тетово и Дебар.

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени и локални врнежи од дожд, на планините од снег, на повисоките места од дожд и снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западниот и јужниот дел од земјава. Во попладневните часови постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно време претпладне со повремен слаб дожд.. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 6 степени.

УХМР најавува дека во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд, на планините со локален снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски