Возач на автобус со педесетина Белгијци следејќи ги упатствата на уредот за сателитска навигација ГПС, наместо да пристигне на француското алпско скијалиште Ла Плањ, се одалечил од предвидената дестинација за 1.200 километри.
-Во Франција има три Плањи, погрешивме- рекол тој.
Според наводите, следејќи ги упатствата на ГПС системот, тој возел кон селото Ла Плањ, кое се наоѓа во депатманот Аријеж, на Пиринеи.
-Ги видовме Средоземното море и Каркасон- навел на „Твитер“ еден од патниците, кои сепак пристигнале на Алпите, но по 24 часовно задоцнување.
Е.Г.