Порошенко: Украина за одбрана троши речиси 4 милијарди долари

Од:

Украина троши за одбрана над 90 милијарди гривни, околу 3,8 милијарди долари, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, јави ТАСС.

– Околу 25 проценти од индустрискиот потенцијал на земјата не работи, а 10 проценти од претпријатијата се физички уништени. Трошоците за одбрана денеска се над 90 милијарди гривни, но земјата наоѓа сили да ги обезбеди. Додека се води војна во Украина нема да дојдат инвестиции, а на луѓето треба да се кажува вистината, изјави претседателот во интервју за украинскиот Прв канал.

Претходно украинскиот министер за финансии Наталија Јареско изјави дека во 2015 година Киев планира да оддели за одбрана 5,2 проценти од БДП. Во 2014 година воениот буџет на Украина изнесуваше 1,25 проценти од БДП на земјата, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17