Доњецк: Убиени девет цивили, Киев: Артилериски напад на Широкино

Од:

Претставник на проруските сили во Источна Украина изјави дека девет цивили се убиени во артилериски напади на градовите Јенакиево и Јуникомунаровск, додека украинската армија обвини за напади врз селото Широкино, во близина на Мариупољ, на брегот на Азовско Море.

Заменикот командант на штабот на силите на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Едуард Басурин изјави дека за 24 часа е регистриран дури 22 пати отворен оган од правец на украинските сили.

– Во гранатирање на Јунокомунаровск и Јенакиево убиени се девет цивили, а шест се повредени, изјави Басурин.

Басурин, исто така, ги обвини украинските сили за кршење на договорот од Минск, како и дека концентрираат опрема и војници во непосредна близина на линијата на безбедносната зона.

– Информацијата на украинските медиуми за завршување на повлекувањето на тешкото вооружување од линијата на 7 март, не одговараат со реалноста, бидејќи целокупната опрема се наоѓа на 20-30 километри од фактичката линија на фронт и е во состојба за неколку часа да се врати на првичните позиции, изјави Басурин.

Претставник на секторот М на украинската армија Олег Сушински изјави дека проруските сили денеска извршиле напад на Широкино и дека борбите траеле цел ден.

Според Сушински, употребени се минофрлачи со 120 милиметарски калибар, што според договорот од Минск, требало да бидат повлечени.

Украинската армија објави дека нападот е насочен кон Широкине, источно од Мариупољ, што е последниот голем град под контрола на Киев во зоната на конфликт. Преземањето на ова упориште ќе претставува клучен чекор за создавање на копнен мост меѓу Русија и Крим, што беше анексиран од Москва пред една година.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17