„Им понудив на NBC да ја намалат мојата плата за 20 отсто, за во целост да биде завршена седмата и да се сними осмата сезона на серијата. Сфаќам дека времињата се променија”, напиша Алек Болдвин на својот профила на микроблогот Twitter.
Телевизијата NBC цо мај годинава најави дека седмата сезона од оваа гледана серија ќе биде последна и воедно дека ќе има само 13 а не вообичаени 21 до 23 епизоди по сезона. Телевизијата засега не го коментираше предлогот на Болдвин.
Според магазинот Forbes, Алек Болдвин во 2011 година заработил 15 милиони долари.