Фудбалерите на Баер Леверкузен со победата од 3:0 над Падерборн на последниот натпревар од 24.коло од Бундес лигата се искачија на четвртото место на табелата.
На последните три натпревари „фармацевтите“ освоија седум бодови. Баер трите голови ги постигна во финишот на натпреварот.
Прв мрежата на Падерборн ја погоди Кирјакос Пападопулос во 73.минута, а потоа следните два гола ги постигна Сон Хеунг-Мин во 84.минута и во 90+3 .минута.
На вториот натпревар одигран денеска Келн – Ајнтрахт беше 4:2.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Мајнц – Борусија Менхенгладбах 2:2, Аугсбург – Волфсбург 1:0, Фрајбург – Вердер 0:1, Хамбургер – Борусија Дортмунд 0:0, Хановер – Баерн 1:3, Шалке – Хофенхајм 3:1 и Штутгарт – Херта 0:0.
Табела: Баерн 61 бод, Волфсбург 50, Борусија М. 41, Баер Леверкузен 39, Шалке 38, Аугсбург 38,…