Време: Снег и дожд, со температури до седум степени

Од:

Времето во земјава утрово е облачно со повремен локален снег, а во крајниот југоисточен дел врежите се претежно од дожд освен во Демир Капија каде има  врнежи од снег. Дува слаб ветер од северен правец.

Најниска температура од -7 е измерена во Маврово, -5 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово и Пожар, -3 во Ѓуриште и Пожаране, -2 во Крива Паланка, Струмица  и Тополчани, -1 во Прилеп и Претор,  0 во Скопје, Охрид, Тетово, Виница, Куманово, Штип, Демир Капија и Битола, 2 во Дојран и 3  во  Гевгелија.

Врнежи најмногу имало во Демир Капија 21 литар на метар квадратен10 Пожар, 9 Пожаране, 7 Гевгелија, Струмица и Маврово, 6 Дојран, Битола, Крушево и Пожар,  5 Ѓуриште,  4 Скопје и 2 Виница, Прилеп, Штип, Берово, Тополчани и Куманово.

Снежната покривка е најголема во Маврово118 сантиметри, 59 во Пожаране, 40 во Лазарополе, 35 Ѓуриште, 32 Крушево, 29 Пожар, 22 Крива Паланка, 15 Битола, 10 Тетово, 6 Берово, 2 Скопје, Демир Капија и 1 Прилеп.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од снег, во јужните од дожд и снег,само во крајниот југоисточен дел од дожд. Интетнзитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен. Ќе дува слаб до умерен  ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 2 до 7 степени

Во Скопје претежно облачно, со повремен слаб дожд и снег и со умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 4 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места се можни слаби  врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините со слаб локален снег.

Од вторник дневната температура ќе биде во постепен пораст, а утринската на места ќе биде под нулата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски