А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Маврови Анови 123 сантиметри снег

by А1он07/03/2015 - 11:5707/03/2015 - 14:5081
Share0

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесуваше 123 сантиметри во Маврови Анови, 58 сантиметри во Пожаране, 40 сантимети во Лазарополе, 27 сантиметри Крушево, 25 сантиметри во Тополчани, 24 сантиметри во Ѓуриште, 21 сантиметар во Крива Паланка, 20 сантиметри во Пожар, 16 сантиметри во Тетово, 15 сантиметри во Битола, 8 сантиметри во Прилеп, 5 сантиметри во Берово.

Добивај вести на вибер

Според информациите од Управата за хидрометеролошки работи, најмногу наврнат воден талог до 7 часот од 29 литри на метар квадратен има во Демир Капија, потоа следат Маврово со 25 литри, Дојран 23 литри, Тополчани и Пожаране 18 литри, Гевгелија и Пожар 17 литри, Битола 16 литри, Струмица, Кавадарци и Крива Паланка 15 литри, Скопје-Петровец 11 литри, Крушево 10 литри, Штип, Берово и Ѓуриште 8 литри, Тетово литри, Прилеп 6 литри, Скопје-Зајчев Рид 4 литри, Виница и Претор 3 литри, Куманово 2 литри и Охрид и Дебар 1 литар.

Изутрината најниска температура е измерена Маврово -6 степени, а во Крушево и Пожар -4, Ѓуриште -4, Крива Паланка, Берово и Пожаране -2, Штип, Прилеп, Охрид и Претор -1, 0 во Петровец, Тетово, Виница, Струмица, Демир Капија, Битола, Дебар и Куманово, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Дојран и  3 степени во Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Во крајниот југоисточен дел врнежите ќе бидат од дожд и снег. Попладне врнежите речиси насекаде ќе престанат, меѓутоа во вечерните и ноќните часови повторно ќе ги има и ќе бидат повеќе застапени во југоисточниот дел од земјата. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно време со повремен снег и со умерен северен ветер, а во ноќните часови повторно ќе има услови за слаби врнежи од снег. Дневната температура ќе достигне до 4 степени.

Утре претпладне во источните делови ќе има слаби врнежи од снег, а попладне ќе престанат и облачноста ќе се намали. Преку денот ќе дува умерен северен ветер. Од понеделник следи период на стабилно и суво време, насекаде со негативни утрински температури, а дневните ќе имаат тенденција на постепен благ пораст.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен