Снежната покривка во Крива Паланка 25 сантиметри

Од:

Снегот кој почна да врне на територијата на Крива Паланка синоќа околу 19 часот сеуште паѓа, а висината на снежната покривка во градското подрачје изнесува 25 сантиметри, додека во околните повисоки места достигнува и до 40 сантиметри, соопшти Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка.

– Екипите на јавното претпријатие „Комуналец“ задолжени за зимско одржување во општината го расчистуваат снегот од 22 часот минатата ноќ, па сите улици во градот се чисти. Снегот кој постојано врне ја отежнува состојбата за расчистување на локалните патни правци, кои се тешко проодни, изјави Зоки Павловски, координатор од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка.

Павловски нагласи дека висината на снежната покривка во повисоките места е над 40 сантиметри, а на одредени места не е функционално чистењето бидејќи дува силен ветер и прави соспи и наноси.

– Сите локални патишта се тешко проодни, регионалниот пат кон село Огут е тешко прооден за теренски возила. Возилата сообраќаат во зимски услови, снежната покривка изнесува 40 сантиметри, а патот ќе се чисти по престанок на врнежите. Патот кон село Луке е исто така тешко прооден и таму покривката е околу 40 сантиметри. Патот кон селото Дренак останува непрооден, кој е во таква состојба од почетокот на зимата, информира Павловски.

Во општина Ранковце сите локални патишта се проодни, таму снежната покрвика изнесува три сантиметри, а непрооден е само регионалниот пат кој води кон селото Герман каде висината на снежната покривка достигнува и над 40 сантиметри.

– Магистралниот пат кој води кон граничниот премин Деве Баир е прооден за лесни возила, го одржуваат екипи на Македонија пат, синоќа во 21 часот беше воведена забрана за сообраќање на тешки товарни возила, истакна Павловски. 

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски