Исламска држава ги ослободила сите христијани асиријци киднапирани во крајот на февруари од село во Сирија, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Според нив, ослободувањето на луѓето од селото Тел Тамар се случило по денешната молитва. Тоа е потврдено од претставник на асириската заедница.
Се смета дека околу 300 гристијани асиријци меѓу кои жени и деца, биле заложници. Во изминатите неколку дена џихадистите воделе преговори за ослободување со посредство на арапски племиња. За киднапираните ИД побарале откуп.