Ракометарките ремизираа со Црна Гора

Од:

Македонската ракометна репрезентација одигра реми 30-30 (13-13) против олимпискиот вицепрвак репрезентацијата на Црна Гора, на пријателскиот натпревар одигран во Охрид.

Натпреварот во најголемиот дел беше израмнет, а најголемата предност гостинките ја направија во првите десет минути од вториот дел, кога по серијата погодоци на Радичевиќ стигнаа на плус четири, 22-18.

Но и покрај негативата, со стрплива игра избраничките на Стрезовски успеаа да ја анулираат негативата и да стигнат до позитива 25-24. До крајот на мечот се играше гол за гол, а погодокот на Бајрамовска во последната минута од мечот осигура реми.

Црвенкоска со 8 постигнати гола беше најпрецизна на мечот, 7 постигна Бајрамоска, 6 Ѓорѓиевска. Јовановиќ беше најпрецизна кај гостинките со 8 гола, додека 7 постигна Радичевиќ.

Наредната конторола, “црвено-жолтите“ ќе ја имаат во петок во 12 часот во спортската арена во Охрид.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП