Доколку Владата стави потпис на ваков Меморандум и ваква содржина,преговорите за името ќе добијаат само техничка форма.
Името веќе ќе биде сменето и де факто и де јуре ,така да по него ќе можат да разговараат некакви географи или историчари но нема повеќе да има политичка конотација.
Со потпишување на ваков Меморадум значи –
а.Владата и Председателот веќе го промениле името но без рамка и форма
б.Преговорите во УН се завршени останува некаква заедничка билатерална комисија да одлучи за име за СЕКАКВА употреба.
Мислам дека доколку владата потпише ваков Меморандум тешко дека прашањето за идентитетот и јазикот ќе остане на страна и дека нема да претрпи додефинирања.
Потпис на ваков меморандум значи дека проблемот ќе се решава во две фази
а.Промена на Име ,дефинитивен во рамките на понуденото,нема запирки,загради или редоследи.Се е стокмено како што треба.
б.Во втора фаза со ваков Меморандум ја отвораме и Пандорината кутија да се разговара и за име на јазик и идентитет(додефинирање по упатство од точката а.)
Шансите да оваа влада го потпише овој Меморандум се големи.Иако од Грците во Меморандумт добиваме само интенции добри желби и намери.
Би рекол тие нас рамка,а тие без рамка ама во рамка на нивните рамки но и ние во тие рамки.
Блесаво. Добар дипломатски проект на Грција.Би рекол дека нашиве ќе анализираат некој ден и како сака нека се произнесат,СДСМ изјавија одамна дека ќе ги поддржат.
Доколку СДСМ имаат што да кажат,добро би било да кажат одма или да подржат но после изјаснувањето на Груевски. Лично онака да излези на пресс и да кажи што мисли по Меморандумот.
Има солуции ,Меморандумот да биде отфрлен од Потпарол или со реципроцитет кон понудата од Грција ,не носи редот или пак на сите барабани Груевски да се најави и го соопшти ставот.
Иванов што и да соопшти се знае дека е ирелевантен.
Доколку во разменава на писма и меморандуми има или постои некаков менаџеријал од двете страни, а ние не го гледаме, уште поубаво. Работата адекватно не им е завршена заради што има премногу дарови Данајски од двете страни. Повеќе Добри Намери од Прави намери па кој како наседне,ако се можи.
Континуитетот на Балканската сељачка дипломатија продолжува. Во прашање се секакви интереси.
Даме Чкатроски