Групата Исламска држава добива приближно една милијарда долари од трговијата со дрога преку нејзина територија, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за контрола врз наркотиците Виктор Иванов.
Тој тврди дека се прошируваат површините со афион од кој се добива опиум и хероин.
– Затоа проблемот треба да се решава не само во Москва туку и во ОН, бидејќи тоа е закана не само по нашата земја, туку и по Европа. Во последните пет години се подели балканската маршрута, хероинот поминува не само преку Балканот туку и по територијата на Ирак, посочи Иванов.
Тој тврди дека транзитирањето на авганистанскиот хероин низ територијата контролирана од ИД, на џихадистичката група и носи голема финансиска добивка.
– Според наши пресметки ИД добива приближно една милијарда долари од авганистанскиот хероин, кој поминува низ нивна територија, наведе Иванов.