Љубиша Арсиќ ја доби наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2014

Од:

Првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2014 година, ја доби Љубиша Арсиќ за серијалот истражувачки текстови на тема „Тајна фабрика за изработка на пасоши“, објавени во неделникот „Фокус“.

Втората награда отиде во рацете на Соња Колевска-Делевска за истражувачките текстови на тема „Силувањето малолетници во Воспитно-поправниот дом „Тетово“, објавени во дневниот весник „Вест“.

Третонаградени се новинарите Владо Апостолов, Сашка Цветковска и Нела Лазаревиќ за сторијата „Победникот на тендерот за Дрисла: ниту искуство, ниту инвестиции. Сторијата е дел од заедничкото истражување на БИРН и ТВ Нова.

Пофалници добија Валентина Стојанчевска за сторијата „Дури 60 граѓани годишно по грешка лежат во притвор“, објавена во неделникот „Фокус“ и Марија Митевска за сторијата „Земјиштата продадени, хотелите неизградени“ објавена на веб-страницата http://prizma.birn.eu.com/. 

Признание и за Жаклина Хаџи-Зафирова, Владимир Калински и Влатко Стојановски кои ј истражувале за Загадувањето на воздухот во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март