А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Снег на планините и во Полог

by А1он05/03/2015 - 10:20126
Share0

Интензивни врнежи од снег од утрово има на планините во северозападните делови на Македонија, но и во Полог. Во другите делови е обалчно со слаби врнежи од дожд.во Штипско и Битолско дува засилен ветер од југоисточен правец кој на моменти достигнува брзина до 60 кикометри на час.

Добивај вести на вибер

Најмногу дожд 16 литри се наврнат во Пожаране, 13 Охрид, 11 Тетово, 9 Маврово, 8 Дебар, 7 Крушево, 6 Скопје, Куманово и Лазарополе, 5 Претор и Ѓуриште, 4 Битола, Виница  и Тополчани, 3 Прилеп и Берово, 2 Демир Капија, Штип, Гевгелија и Кавадарци и 1 Струмица и Пожар.

Утрово негативни температури се измерени во Маврово -2 и Крушево -1. На останатите места измерени се температури над 0. Во Тетово, Крива Паланка и Лазарополе 0, во Берово 2, во Прилеп, Претор, Дебар три степени, во Скопје, Охрид, Битола, Кавадарци, Виница и Куманово четири, во Струмица и Дојран 5 и во Штип, Демир Капија и Гевгелија се измерени шест степени целзиусови.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег. Ќе дува умерен до засилен ветер најпрво југоисточен, а попладне северозападен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и ноќта кон петок и локално се очекува да наврнат над 25л/м2, на повисоките и на некои пониски места врнежите од дожд ќе поминат во снег, особено во северните и западните делови од земја. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за повеќе од 20 см.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и умерен до засилен северисточен ветер. Во текот на ноќта можно е дождот да помине во снег. Дневната температура ќе достигне околу 7 степени.

И утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег, на југоисток ќе бидат главно од дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Пообилни врнежи повторно ќе има попладне и ноќта кон сабота и локално се очекува да наврнат нови 30л/м2, особено на југ и југоисток. Во западните и северните делови се очекува формирање на снежна покривка и на некои пониски места, додека на планините ќе продолжи значително да се зголемува (нови 20см и повеќе). Врнежите од снег ќе продолжат до недела претпладне. Од понеделник следува стабилизација на времето.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен