Фудбалерите на Пари Сен Жермен се изборија за полуфинале во Купот на Франција откако синоќа во Париз го совладаа Монако со 2:0.
Творци на победата на парижаните беа Давид Луиз и Едисон Кавани.
Во вторникот пласман помеѓу четирите најдобри обезбеди Сент Етиен по победата над Булоњ.
Вечер се играат последните два четвртфинални дуела:
Брест – Оксер и
Конкарно – Генгамп.