Парк Геун-хе: Нападот врз амбасадорот на САД е напад врз сојузот меѓу Сеул и Вашингтон

Од:

Претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун-хе изјави денеска дека нападот врз американскиот амбасадор во Сеул е напад врз воениот сојуз меѓу Јужна Кореја и САД.

– Станува збор не само за физички напад врз амбасадор, но и за напад врз сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, нагласи таа преку соопштение.

Претходно денеска американскиот амбасадор, Марк Липерт, кој учествуваше на форум во културниот центар „Кралот Сеџон“ во Сеул беше нападнат од маж, кој со себе носел жилет.

Мажот во моментот на нападот врз Липерт извикувал: „Јужна и Северна Кореја треба повторно да се обединат“.

Липерт е полесно повреден во инцидентот во пределот на лицети и раката и е хоспитализиран.

Напаѓачот чие име според јужнокорејските медиуми е Ким Ки-џон (55), лидер на левичарската организација „Уримадан“, е уапсен од полицијата, која моментално го сослушува.

Ким Ки-џон во 2010 година беше осуден условно на две години затвор поради тоа што фрлил со парче бетон кон јапонскиот ам,басадор во Сеул во знак на протест против територијалните претензии на Токио во Јапонското Море.

Липерт (42) ја презеде должноста амбасадор во Сеул минатата година и е мошне популарен во Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас