Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре во Мостар ќе учествува на 10-от УНЕСКО регионален самит на шефови на држави на Југоисточна Европа „Верско и културно историско наследство како основа за интензивирање на соработката меѓу државите“ во рамки на форумот „Дијалог меѓу цивилизациите“ поттикнат од Република Македонија.
Во рамките на форумот, планирани се билатерални средби со претседавачот со Претседателството на Бих, Бакир Изадбеговиќ и со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.
Како и при секоја посета на Мостар, Иванов и овој пат ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Ромтиље, каде што во 2004 загина тогашниот македонски претседател Борис Трајковски во авионска несреќа.