Земан: Две милијарди муслимани може да ја победат евро-американската цивилизација

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан ја искритикува постапката на земјите на Европската унија против радикалните исламисти, изјавувајќи дека според него членките на „исламскиот тероризам” реагираат исто како против нацизмот на Хитлер во 30-тите години на минатиот век.

– За жал земјите на ЕУ реагираат слично како против нацизмот, со протести, собири, демонстрации и тоа е сè, рече Земан.

Претседателот на Чешка, како што јави дописникот на МИА од Прага, повтори дека поддржува координирана акција од страна на Меѓународната заедница.

– Исламот и особено неговата радикална верзија има за цел сите неверници да ги принуди да се исламизираат, или да ги претворат во робови, додаде Земан.

Тој ја окарактеризира пропагандата на Исламската држава (ИД) како експлозивна мешавина која егзистира во 14. век, но ги има социјалните мрежи на располагање.

Според Земан, западните земји не смеат да ја повторат политиката на попуштање и кукавичлук пред каква било  форма на тоталитарна идеологија, посебно онаа која има корени на верска омраза.

– Две милијарди муслимани може да се дигнат во верска револуција и да ја поразат евро-американската цивилизација, рече Земан.

– Ако во 1936 година го запревме Хитлер, немаше да постојат Минхенскиот договор, Холокаустот, ниту Втората светска војна.Тогаш бевме кукавици и ако се покажеме пак, последиците ќе бидат слични, оцени Земан, повикувајќи на што побрза интервенција на западните земји против ИД.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат