Денешниот број на македонскиот „професионален” дневен весник Дневник излезе со една суптилна порака до сите студенти кои беа дел од окупацијата на УКИМ: Вие сте среќни што никој не ве искрши од ќотек!
Студентскиот пленум е пресреќен што ниту еден негов активист не беше „решен од страна на полицијата”, како што вели насловната на Дневник. Им благодариме на „професионалните” новинари кои објавиле ваква брилијантна насловна и на тој начин ни укажаа колку сите ние сме привилегирани што сме здрави и живи!
Исто така, ги поттикнуваме „професионалните” новинари да продолжат да известуваат за студентскиот активизам, но во наредните случаи нека се осврнат на домашниот наместо на туѓиот, велат во соопштението од Студентскиот пленум.