Екипата на Астон Вила ја прекина серијата од седум порази откако синоќа на „Вила парк“ во градското дерби го победи тимот на ВБА со 2:1.
Астон Вила поведе во 22.минута преку Габриел Агбонлахор, а ВБА изедначи со голот на Саид Берахино во 66.минута. Победата ја донесе Кристијан Бентеке со удар од белата точка во судиското надополнување на вториот дел (90+4).
Ова беше еден од трите натпревари што се одиграа синоќа од 28.коло од Премиер лигата.
На другите два дуела: Хал – Сандерленд 1:1 и Саутемптон – Кристал Палас 1:0.
Вечерва се играат преостанатите седум натпревари од оваа рунда: Манчестер Сити – Лестер, Њукасл – Манчестер Јунаутед, КПР – Арсенал, Стоук – Евертон, Тотенхем – Свонси, Вест Хем – Челзи и Ливерпул – Барнли.
Табела: Челзи 60 бодови, Манчестер Сити 55, Арсенал 51, Манчестер Јунајтед 50, Саутемптон 49, Ливерпул 48, Тотенхем 44,…