Михајловски си поднесе оставка од функцијата уредник на ТВ 24 Вести

Од:

Гоце Михајлоски си поднесе оставка на функцијата главен и одговорен уредник на телевизијата 24 Вести.

Тоа било негова одлука и немал никакви притисоци од менаџментот, како што објавија некои медиуми.

Тој на својот ФБ профил напиша:

Бидејќи моето повлекување од позицијата Главен и одговорен уредник предизвика интерес во дел од јавноста, должам кратко објаснување. Секој има право на различно мислење. Не секој носи одлуки. Со менаџментот понекогаш сме имале различни мислења за дел од програмата, но тоа не е ниту главната, ниту единствената причина за моето повлекување. Сепак во животот постојат и други приоритети освен градењето кариера по секоја цена. На пример, слободното време е бесценето. Телевизија 24 Вести има голема доверба кај гледачите, поради својата објективност и независност. Сметам дека ќе остане на истиот пат, за кој се надевам мал удел дадов и јас претходната година. Да ме прашаа колегите ќе им го кажев ова.

На местото на Гоце Михајловски за в.д. главен и одговорен уредник е назначен Сеад Ризвановиќ. И Михајловски и Ризвановиќ доаѓаат од поранешната А1 телевизија.

Михајловски претходно работеше во весникот Вечер, a по згаснувањето на А1 телевизија, одредено време работеше во неделникот Фокус.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ