За време на операцијата на ирачката армија за воспоставување на контрола врз Тикрит денеска е ликвидиран вториот човек по хиреархија на џихадистичката група, Абу Обејди ал Туниси, јави иранската агенција ФАРС.
Началникот на полицијата на провинцијата Салах ал Дин, генерал Хамид ал Намес изјави дека ирачката армија напредува кон градот од три страни. Армијата успеала да ослободи стотина киднапирани лица, кои биле држени во станбен комплекс во јужниот дел на Тикрит.
Портпаролот на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, Сад ал Хадиси изјави дека армијата веќе ја презела зградата на локалнмиот државен Универзитет.