Времето утре – променливо облачно со слаби врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаби локални врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намали.

Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а во четврток со врнежи од дожд, особено пообилни ќе бидат во западните делови од земјава каде локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег. Температурите во вториот дел од неделата ќе имаат тенденција на опаѓање.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски