Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ во соработка со Македонската опера и балет в среда од 20 часот ќе одржи хуманитарен концерт за поплавените подрачја во Македонија.
Ќе учествуваат солисти на Операта и солисти, танчари и оркестарот на „Танец“. Цената на билетите е 200 денари.
На програмата се песни од народното творештво, кореографиите „Жетварка“, „Сретсело“, „Преспански игри“, „Малешевка“, оркестарските изведби „Шапкарево-касапско оро“, „Мерак тамбура оро“, „Моминско оро“.
Како солисти ќе настапат Марјан Стојановски, Сузана Спасовска, Билјана Јосифова и пејачки групи на „Танец“.