Објавувањето на детали од истрагата на неколку медиуми дека семејството Верушевски користело бројки за комуникација, наиде на потсмев по социјалните мрежи.
Обидот да се прикаже дека е декодирана комуникацијата се исмева, со оглед дека и презентираното објаснување има грешки и речениците доколку се анализираат со дадените бројки не се како што медиумите ги читаа.
Сето ова предизвика на социјалните мрежи корисниците да пишуваат со бројки, како пародија на ваквата приказна за јавноста, а се појави и видео со кое се исмева ова тврдење.