Амбасадата на Шведска преку соопштение ја изрази загриженоста за прислушувањето во Македонија и за актуелната политичка состојба.
„Изнесените наводи дека се случило следење од голем обем на политичари, новинари и претставници од граѓанското општество, како и наводите за злоупотреба на моќта во политиката, медиумите и правосудството се длабоко загрижувачки. Неопходни се независни, целосни и транспарентни истраги на сите овие факти. Доколку се следела и дипломатска кореспонденција, тоа е кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи. Шведската амбасада меѓутоа, нема да коментира за ниту еден од нејзините приватни разговори“, стои во реакцијата на шведската амбасада.