Лош ден за фаворитите во француската Лига 1

Од:

Фаворитите за највисок пласман во фудбалскиот шампионат на Франција, вчера имаа лош ден во натпреварите од 27.коло на Лига 1.

Во дуелите Лидерот на табелата, Олимпик Лион загуби на гостувањето кај Лил со 2:1. Сент Етијен и Бордо одиграа нерешено 1:1 во дуелите со Тулуз и Ремс.

На останатите натпревари, Лориен ја победи Бастија со 2:0, а победи на гостински терен остварија Рен против Ленс со 1:0 и Евијан кај Мец со 2:1.

Потсетување дека во првиот меч од ова коло, одигран во петокот, трето рангираниот Олимпик Марсеј загуби на домашен терен од Кан со 2:3.

Денеска на програмата се три натпревари, Нант – Гингамп, Монпеље – Ница и дербито меѓу Монако и Париз Сен Жермен кое ќе започне во вечерниот термин од 21 часот.

Потсетување дека во петокот, Каен на гостински терен го изненади и порази Олимпик Марсеј со 3:2.

Табела: Олимпик Лион 54 бодови, Париз Сен Жермен 52 (-1 натпревар помалку), Олимпик Марсеј 50, Сент Етијен 43, Монако 43 (-2), Бордо 42, Монпеље 39 (-2)…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска