• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Контрола на полицијата и УЈП во обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа

by А1он28/02/2015 - 13:03162
Share0

При координирана акција на СВР – Охрид и УЈП синоќа е изршена контрола на дваесет обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа, при што кај пет објекти се констатирани прекршоци, односно активности спротивни на одредбите од Законот за игри на среќа и забавни игри.

Добивај вести на вибер

СВР Охрид соопшти дека една обложувалница во Центар Жупа и две во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган. Во обложувалницата во општината Центар Жупа одземени се пет телевизори, два компјутери, печатач, 4.548 денари и друга опрема, од обложувалница во селото Зајас одземени се два телевизори, два компјутери, печатач, 1.880 денари и друга опрема, а во селото Грешница одземени се два телевизори, два компјутери и три печатачи. При контрола во обложувалница во селото Зајас констатирано е дека обавува дејност без регистрирана фирма, за што се изречени глоби врз основа на Законот за регулирање на готовински промет.

Неправилности, според СВР Охрид, констатирани се и во обложувалници во струшките села Подгорци и Долно Татеши каде поради немање фискален апарат една обложувалница е затворена до 30 дена.

Согласно Законот за игри на среќа и забавните игри против правните лица каде се констатирани неправилности, ќе бидат и поднесени кривични пријави.

ujp

Би можело да ве интересира

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:3316/01/2026 - 11:34

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен