(ВИДЕО) Заев: Знаевме дека Груевски ќе ме снима во кабинет

Од:

Ние во партијата знаевме дека не снимаат, знаевме дека Груевски ќе ме снима во кабинет, знаевме што имаме во раце и со кого имаме работа, зарем мислите ќе им ги кажеме луѓето што ни ги дадоа материјалите?

-При сите 4 средби во највисокото раководство се држеше состанок овде во партијата и беше одлучено одиме. Ама знаеме дека не снима, секогаш. Оти ние знаеме што имаме во раце и до каде ќе оди овој човек. Да сте на мое место, ќе му ги кажете луѓето? Луѓето кои се охрабриле, одважиле во ваков режим, во вакво злосторство? На вакви луѓе-нелуѓе тоа да им го кажеме?

Ги гледате самите снимки. Нема да дозволам да ги коментирам а тој дозволи да се објават иако се под ПИ-мерки, докази во постапките. Вели истрага ќе направел од каде излегле. Од неговиот кабинет, од премиерскиот, од првиот кабинет во државата. Снимките, му велам, се од европска земја ама не од соседството, знаејќи дека ќе прави конструкции со Грција. Така? Ако веќе ги пушта во јавност нека ги пушти од почеток до крај цели за да видиме зошто парцијално пушта и да видиме што таму се зборувало до крај.

Должам можеби одговор зошто сум бил на разговори кај него. Треба да знаат граѓаните, за вистината зборуваме. Знаете дека секој ден има меѓународни претставници во СДСМ, секој ден. Правеа пријателски напори да се отпочне дијалогот, разговори да почнат. И нормално е претседател на опозицијата со шеф на власта да седне и да реши некој проблем за државата. Нормално е. Втората и третата средба тој ги иницира и буквално моли за средба, знаејќи дека не е подготвен да разговара. А прифатив да одам за да го поштедам овој наш народ од ова што сега мора да го помине. Секако не да ја скриеме вистината, туку преку нормален судски процес, транспарентно гарантиран, јавноста да знае но на поинаков начин. Сме направиле се што морало и требало да направиме како одговорна опозиција. Како што и денеска покажуваме на пријателската меѓународна заедница, дека има капацитет во ова наше општество, да не го потценува, еве опозицијата што прави, еве студентите, еве ги граѓанските организации што прават. Македонија има капацитет нормална земја да биде, има. И еве покажуваме дека знаеме да реагираме благовремено кога сме повикани да си ја спасиме државата. Сме направиле се што треба за да си ја спасиме државата, рече Заев.

Со оглед дека по пресудата што вчера беше објавена по медиумите, за вработениот во МВР што е осуден веќе во случајот „Пуч“, стои дека тој почнал да работи од 2010 година, тајно да снима. Ме интересира, случајно, од тоа купче на материјали што го имате, дали имате некој материјал до порано, од 2009-та, на пример?

-Еве вака. Многу аргументи и докази во процесот којшто ќе го отвораме ќе потврдат недвосмислено, до најнеупатениот наш граѓанин, кој тоа го правел и со какви намери го правел. Има снимки и од 2009, 2008 и 2007 година. Се поставува прашањето, како тоа некој вработен во полицијата внел телефонски број на некој и почнал да го слуша од 2009-та? Но, како го внел телефонот и почнал да го слуша и наназад две, три години, е прашањето?

Затоа, само ќе кажам. Го гледате како се колне дека гарантира фер, правично, транспарентно, законско судење. За 24 часа донесе пресуда, правосилна пресуда. Што кажува таа пресуда, ако ја прочитавте? Странски служби? Докази за странски служби? Нема. И што друго покажува? Покажува дека може секој вработен во МВР да си се конектира на системот, да си внесе телефонски број на кого сака и да си слуша. Како тоа МВР го дозволило?

И на крајот ве молам, ве упатувам во пресудата. Видете ги доказите коишто се пријавуваат во прилог. Покрај изјавата, докази во постапката се: Трошковник на затворот, Решението за притвор и докази во постапка е Решението за распоредување на работно место на полицаецот којшто дал ваков извод. Друг доказ нема. Катастрофа, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска