Со одигрувањето на реванш натпреварите од шеснаесетина финалето познати се екипите кои се пласираа во осминафиналето од Лига Европа.
На 16-те натпревари беа постигнати 47 голови, а единствено без погодоци заврши дуелот Спортинг – Волфсбург. Во игра за одбрана на титулата остана Севиља, која и во реваншот славеше над Борусија Менхенгладбах.
Резултати на реванш дуелите:
Зенит – ПСВ 3:0 (4:0 вкупен резултат),
Динамо Москва – Андерлехт 3:1 (3:1),
Динамо Киев – Генгамп 3:1 (4:3),
Борусија Менхенгладбах – Севиља 2:3 (2:4),
Легија – Ајакс 0:3 (0:4),
Салцбург – Виљареал 1:3 (2:5),
Фиорентина – Тотенхем 2:0 (3:1),
Интер – Селтик 1:0 (4:3),
Бешикташ – Ливерпул 1:0 – 5:4 на пенали (1:1),
Евертон – Јанг Бојс 3:1 (7:2),
Спортинг – Волфсбург 0:0 (0:2),
Атлетик Билбао – Торино 2:3 (4:5),
Бриж – Алборг 3:0 (6:1),
Наполи – Трабзон 1:0 (5:0),
Феенорд – Рома 1:2 (2:3),
Олимпијакос – Дњипро 2:2 (2:4).
Пласман во осминафиналето изборија: Дњипро, Рома, Наполи, Бриж, Торино, Волфсбург, Евертон, Бешикташ, Интер, Фиорентина, Виљареал. Ајакс, Севиља, Динамо Киев, Динамо Москва и Зенит.
Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се одржи денеска во Нион во 13 часот, а натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 12 и на 19.март.