Под мотото „Ден за ден, рака под рака“ денеска Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ ќе го одбележи Меѓународниот Ден на ретки болести.
Целта е да се подигне јавната свест за ретките болести и влијанието кое тие го имаат на квалитетот на живот на пациентите.
Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена и изложба „Гушни ја реткоста“ која е во продукција на „Лице в лице“ и направена во соработка со агенцијата „Холистик“, здружението „Живот за предизвици“ и Националната алијанса за ретки болести.
Денот на ретки болести за првпат беше одбележан во 2008 година кога повеќе од 1000 настани се организираа во светот.