Кери го обвини Путин за дестабилизација на Украина

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери го обвини рускиот претседател Владимир Путин за дестабилизација на Украина и за „присвојување територии“, предупредувајќи ја Москва дека проруските сили не ги исполниле условите за прекин на огнот.

Кери во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат истакна дека Путин спроведува политика која ги крши сите меѓународни норми и додаде дека во Луганск и Доњецк, а во моментов и во Дебалцево охрабрил и директно овозможил одземање територии, со цел да ја дестабилизира Украина.

Кери во вторникот директно ги обвини руските лидери дека „кажуваат лаги во лице“ во врска со судирите во Украина.

– До денеска ниту Русија, ниту силите, кои таа ги поддржува ни одблизу не успеаја да го исполнат тоа за што се заложуваат, изјави Кери и предупреди дека во случај на нивните натамошни неуспеси ќе има дополнителни последици врз руското стопанство.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски