Борци на ИД киднапирале 100 припадници на сунитски племиња во Ирак

Од:

Борци на групата „Исламска држава“ киднапирале 100 припадници на сунитски муслимански племиња во близина на Тикрит, соопшти денеска локален племенски лидер, во пресрет на очекуваната воена офанзива во областа.

Ирачката армија и провладини шиитски милиции се подготвуваат за напад врз упоришта на ИД долж рекаат Тигар, северно и јужно од Тикрит, родниот град на убиениот поранешен претседател Садам Хусеин.

Тикрит долго време е под контрола на сунитски муслимани, откако во јуни заземаа области во северен Ирак, поттиснувајќи ги ирачките безбедносни сили.

Племенските лидери соопштија дека борци на ИД вчера привеле 42 припадници на сунитски племиња во селото Рудаид, под претпоставка дека се подготвуваат за борба против нив. Минатата недела, исто така, беа уапсени 56 лица под обвинение дека припаѓаат на провладини сунитски милиции.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска