(ВИДЕО) Заев: Копии од сите материјали има кај Мијалков

Од:

На прашање дали материјалите што денеска беа доставени до новинарите, се единствените копии и немате други копии, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговори:

– Има кај Сашо Мијалков. Ако го гледате црвенилото во моите очи, тоа е работење до наутро. Зошто? Заради вниманието на сериозноста и ненавлегувањето во личниот аспект на сите овие разговори. Сето она кое што ќе го обработуваме во периодот којшто следува, а некој новинар има интерес да го добие, секако, доколку е мета на прислушување, ќе му биде доставено.

Во продолжение останатите прашања до Заев:

Господине Заев дали има судски налог за прислушување на новинарите или е тоа правено без налог?

Без налог е правено. По нашите закони, 4 месеци се добива од судот решение за воспоставување ПИМ мерки за следење на комуникациите. Нашиот закон, Кривичниот закон, вели дека, во екстремни случаи, кога не знам како е загрозен интегритетот и опстојувањето на државата, е возможно да се дојде до 14 месеци. Огромен број од овие над 100 новинари кои се следени, се следени со години, повеќе од две, од три, најверојатно некои и од 4 години, како што е Никола Младенов и неколку други новинари. Апсолутно, не постои можност, ниту суд, ниту кој било претставник на правосудните институции, да даде решение, дури и да сака, законот тоа не го дозволува, и во таков случај тоа решение би било ништовно.

Господине Заев, додека еве вие држите прес конференции и ги објавувате “бомбите“, од друга страна една група се движи низ Македонија и одржува трибини, наводно во одбрана на Македонија. Како ќе ја искоментирате оваа организирана група којашто се среќава со членови, најчесто блиски на ВМРО-ДПМНЕ?

Најверојатно се сака да се претстави дека сме демократска земја и дај Боже и да бидеме демократска земја како што треба и како што заслужува нашиот народ. Секој има право да реагира и да се однесува онака како што мисли дека е добро да се однесува. Јас само ќе кажам дека со текот на одминување на деновите, овие луѓе ќе престанат да одат, заради тоа што досега ова што го објавуваме е подготовка на нашиот народ на нозе да го дочека тоа што следува. А, знам дека овие луѓе еден ден ќе се срамат од своите деца.

Господине Заев дали имате некои докази, или снимени снимки од она што наликува на смртта на Младенов? Значи, на дента или претходно?

Сé што имаме докази ќе објавиме. Го ветивме пред граѓаните, за сé што постојат докази, за кој било предмет, за кој било случај, ние ќе го објавиме.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он