Владеачката ВМРО-ДПМНЕ за се наоѓа замена, контра-протестанти, паралелни организации, кои ги става во погон за одбрана на своите потези, грешки или политики.
Вчера во одбрана на директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова, излезе Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија Лилија Чолакова Дервишова, специјалист по семејна медицина.
Не ја прифаќа оставката на Парнаџиева, бидејќи тоа ќе резултирало со тешки последици по примарното и приватното здравство.
Истата лекарка која се појави како специјалист, агитираше во 2013-та година за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес.