Нерешено 1:1 заврши синоќешното градско дерби меѓу екипите на Сампдорија и Џенова.
Лаго Фалке во 17.минута донесе предност за Џенова која траеше само две минути до изеденачувачкиот погодок на Едер.
Ова беше претпоследниот натптревар од 24.коло во Серија А.
Двете екипи се изедначени по освоени бодови – 36 и се наоѓаат на делба на шестата и седмата позиција на табелата.
Претходно се одигра натпреварите: Јувентус – Аталанта 2:1, Милан – Чезена 2:0, Емполи – Киево 3:0, Лацио – Палермо 2:1, Верона – Рома 1:1, Фиорентина – Торино 1:1, Наполи – Сасуоло 2:0 и Каљари – Интер 1:2.
Дуелот Парма – Удинезе е одложен.
Табела: Јувентус 57 бодови, Рома 48, Наполи 45, Лацио 40, Фиорентина 39,…