Имате ли лимит во вашата алчност?

Од:

Или кога Силвана Бонева е само врвот на ледениот брег односно црешата на тортата.

Барањето лична правда по административните ходници, попатно ми откри една вистина за чудовишните физички способности на една, навидум, кревка женска става. Валентина Божиновска е вработена и платена како директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи  (http://www.kovz.gov.mk/default.asp?ItemID=9DBB0F2838BFFD418E63905612091FB8 ). Покрај тоа, за платен надоместок, таа на Факултетот за драмски уметности го предава предметот Македонски јазик со правоговор (http://www.fdu.ukim.edu.mk/index.php?mn_sel=nast). Но, таа тука не запира со своите платени ангажмани и на Медицинскиот факултет го води предметот Јавно говорење (http://www.medf.ukim.edu.mk/prof_cp_klient_list.php?pageNum_rsprof=4&totalRows_rsprof=609).

Ако мислите дека со ова завршуваат печалбарските маки на оваа „супер жена“ – во грешка сте. За да го оствари својот четврти платен надоместок, „префинетава дама“ е избрана и за член на Комисијата за хуманистички науки при Министерството за образование и наука, која најмалку еднаш месечно се состанува за да нострифицира странски дипломи. Овие нејзини четири платени ангажмани случајно успеав да ги дознаам, но не исклучувам дека, можеби, има уште некој. Во држава со 30 проценти невработени и над стотина доктори на науки пријавени во Агенцијата за вработувања, сигурно има некој канидат кој може да ја замени Божиновска барем во еден од нејзините работни ангажмани и, зошто да не се каже, веројатно и подобро од неа тоа да го работи. Дополнително и прашањето, како во толку краток рок од нејзиното докторирање овој ’научен гигант’ за една година успева да стане редовен професор на Медицинскиот факултет?

Имаат ли усул и лимит во алчноста вакви персони кога ќе им дојдат петте минути во животот за да зграбчат сѐ само за себе!? А верниците наивно нека веруваат дека таа, како директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, е духовно просветлено лице кое легнува и се буди со православната душегрижничка психологија заснована на христосовото учење ако имаш две кошули дај му една на тој што нема ниту една.

Конечно се поставува и прашањето колку ментално и физички е способна квалитетно да одговори на сите дополнително платени ангажмани, а притоа да не дојде во конфликт со главниот професионален ангажман кој, според работниот договор, претпоставувам дека ѝ предвидува континуирано осум часовно работно време пет дена во седмицата. За пишување научни трудови во списанија со импакт фактор не се ни сомневам дека наоѓа време.

Како фуснота: во периодот кога требаше да ми се нострифицира странската докторска диплома, Комисијата при МОН со недели не можеше да се состане бидејќи г-ѓа Божиновска секојдневно целодневно беше ангажирана на последните парламентарни избори како конферансије на митинзите на ДПМНЕ низ Македонија. Дали поради одработеното ѝ беше платено и за незаработеното? А ти обично Македонче глеј два дена да не се појавиш на работа, па ќе видиш што ќе попиеш од „шефот“!

Ненад Живановски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска