Време: Облачно со повремен дожд, на планините снег

Од:

Времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат изразени околу пладне и попладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини се очекуваат повремени врнежи од снег. Не се очекува некоја позначителна промена на температурата на воздухот.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска