По Парнарџиева, оставка поднесе и вториот директор на ФЗОМ, Мехази

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Џемали Мехази, денеска поднесе оставка на функцијата.

Во своето обраќање Мехази образложи дека оставката ја дава како морална одговорност во врска со смртта на Тамара Димовска.

– Во вршењето на мојата функција, за овој случај и сите други слични случаи, направив сè што ми беше овозможено во рамки на законот. Случајот на Тамара ме погоди како човек и како родител. Додека ја извршував оваа функција, лично сум се залагал за да се решаваат сите случаи кои се обратиле до ФЗОМ секако во согласност не само со законските обврски и водено од лична совест. За мене и моите соработници немаше значење, во ниту еден момент, името, етничката и верската припадност, во изнаоѓање решенија за нашите граѓани, истакнува Мехази.

Оставката на Мехази доаѓа неколку часа откако од функцијата се повлече и директорката Парнарџиева – Змејкова.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on