Пари Сен Жермен планира на лето да го купи Анхел ди Мариа од Манчестер Сити како замена за Езекиел Лавеци кој најави заминување на крајот на сезоната, пишуваат француските медиуми.
ПСЖ покажуваше интерес за Ди Мариа и минатото лето, но поради УЕФА финансискиот фер-плеј не можеше да го оствари трансферот.
Аргентинецот по заминувањето од Реал одлучи кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед и стана најскап фудбалер во историјата на англиската Премиер лига.
Останува да се види одговорот на клубот од „Олд Трафорд“ дали сака да го продаде Ди Мариа.