Во Данска годишно се убиваат околу половина милион прасиња. Тоа најчесто се случува директно при раѓањето, кога прасињата ги удираат од бетонскиот под или од металните огради во свињарниците, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Убивањето на свињите е дел од економска стратегија. Сточарите свесно оплодуваат голем број свињи, а како последица на тоа се раѓаат многу болни прасиња со недоволна тежина.
– Прозводството на свињи има отидено мошне далеку кога станува збор за економските аспекти, така што свињите се третираат повеќе како суровини отколку како живи суштетсва, вели за Шведското радио Јохан Бек-Фрис од Шведскиот ветеринарски сојуз.
Во најновиот број на списанието на данските сточари е објавен пример за пресметување на заработката при убивање на прасиња полесни од еден килограм.
Насловот на текстот во списанието гласи: „Може ли да се има добитна ситуација од убивање на прасиња при раѓање?“
Одговорот е – да. Пресметката вели дека на една фарма со 1.000 маторици може да се заработат околу 150.000 евра со усмртување на новородени прасиња под еден килограм телесна тежина.