Припадници на Исламска држава ја гранатираа централната библиотека во Мосул и изгореа над 10 илјади книги.
Мосул, вториот по големина град во Ирак на 400 км. западно од Багдад, од јули лани е под контрола на вооружени банди на ИД.
Експлозијата предизвикала силен пожар кој ја опфатил целата трикатна зграда на библиотеката – една од најстарите во Ирак. Во дворот екстремистите запалиле оган и уништиле над 10 илјади книги меѓу кои имало и најретки книги и стотици ракописи. Исламска држава систематски уништува библиотеки во сите територии под нејзина контрола.