Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде претежно облачно. Претпладне и околу пладне ќе има врнежи од дожд, но доцна попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 8 до 13 степени целзиусови.
Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветар. Минималната температура ќе биде до шест степени, а максималната до 11 степени целзиусови.