Најмалку 41 лице загинаа при потонување на траект во реката Падма. Меѓу загинатите 11 се деца.
Несреќата се случи откако траектот се судри со товарен брод и потона. Бангладешките власти најавија дека продолжува спасувачката операција.
Спасувачите извлекле 30 лица од реката Падма откако траектот се преврти и потона на шест метри длабочина.
Властите не го знаат точниот број на исчезнати лица бидејќи не се знае точно колку патници имало на траектот. Според патниците нивниот број се движел од 70 до 150.
Несреќата се случи на на 70 километри северно од главниот град на Бангладеш, Дака.