Актуелниот победник на Лига Европа тимот на Севиља синоќа оствари минимална победа на првиот дуел од 1/16 финалето против Борусија Менхенгладбах со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Висенте Ибора во 70.минута.
Судија на овој натпревар беше Александар Ставрев од Македонија.
На натпреварот Јанг Бојс – Евертон (1:4) како резерва од 79.минута настапи и македонскиот интернационалец Тауљант Сулејманов, но во центарот на вниманието на натпреварот и на вечерта беше напаѓачот на Евертон Ромелу Лукаку, кој постигна хет-трик.
Резултати на првите натпревари од 1/16 финалето:
Алборг – Бриж 1:3, Рома – Феенорд 1:1, Днипро – Олимпијакос 2:0, ПСВ – Зенит 0:1, Торино – Атлетик Билбао 2:2, Трабзон – Наполи 0:4, Волфсбург – Спортинг 2:0, Јанг Бојс – Евертон 1:4, Ајакс – Легија 1:0, Андерлехт – Динамо Москва 0:0, Селтик – Интер 3:3, Генгамп – Динамо Киев 2:1, Ливерпул – Бешикташ 1:0, Севиља – Борусија М. 1:0, Тотенхем – Фиорентина 1:1 и Виљареал – Салцбург 2:1.
Реванш натпреварите се играат на 26.февруари (четврток).