Порошенко: Заземањето на Дебалцево не е во согласност со договорот од Минск

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска во телефонски разговор со останатите лидери од „нордиската четворка“ изјавил дека заземањето на источниот украински град Дебалцево од сепаратистите е во спротивност со договорот за запирање на огнот постигнат во Минск минатата недела.

Во соопштението објавено на веб страницата на украинското претседателство, се наведува дека Порошенко ги повикал останатите лидери да не сметаат дека тоа што се случи во Дебалцево не е во спротивност со договорот од Минск.

Лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија минатата недела во главниот град на Белорусија договорија прекин на огнот, што ќе биде проследено со повлекување на тешкото вооружување од двете страни на фронтот.

Сепаратистите тврдат дека Дебалцево, кој е важен железнички јазол, не е опфатен со договорот од Минск и продолжија со нападите врз градот, по што украинските војници се повлекоа од градот.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17