Во Саудиска Арабија денеска почна дводневна меѓународна средба посветена на заканите од Исламска држава.
Средбата во Ријад се организира во момент кога саудиската Влада се обидува да го ограничи врбувањето на нови лица за џихадистичките групи.
На форумот присуствуваат високи воени претставници и официјални лица од министерства за одбрана на 26 држави. Присуствуваат британски и американски претставници и претставници од НАТО како и нивни колеги од арапски држави кои се дел од коалицијата која извршува воздушни удари врз ИД.