Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Езекиел Лавеци кој во 2012 година од Наполи прејде во францускиот клуб, изјави дека му недостасува калчолигашот и Италија.
– Ми недостасува играњето во Серија А. Би сакал да играм во нападот на Наполи заедно со Игуаин. Во случај да се вратам во Италија, прв избор би бил тимот предводен од Рафа Бенитез. Во моментов сум во Париз, а ќе видеме што ќе се случи по крајот на сезоната, изјави Лавеци.
Аргентинецот во Наполи беше пет години, одигра 188 натпревари и постигна 48 голови.